4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНови вработувања во Порше

Нови вработувања во Порше

porse

Порше планира во наредните пет години да вработи околу 3000 работници во Германија, се со цел да го следат порастот на продажбата на своите автомобили.

Компанијата за осум години ќе вработи 8000 работници, а бројот на вработени во последните три години им порасна од 12.000 на 17.000.

Германскиот производител со поголемиот број на работници сака да ја оствари зацртаната цел, а тоа е продажба од 200.000 возила во 2018-та година.

Автомобилскиот гигант од Штутгарт има намера да се реновираат и прошират неколку погони и да инвестираат повеќе од една милијарда евра во своја дистрибутивна мрежа.

Порше, кој од август е во целост интегриран во Фолксваген, продаде 141,075 возила, што е пораст од 18.7 проценти во однос на 2011-та година.

Двата главни пазари на возилата на Порше се САД и Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП