27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМосква очекува економски раст до крајот на годината

Москва очекува економски раст до крајот на годината

rusijan2973ry932yr

Очекуваниот раст на бруто домашниот производ во Русија во третиот квартал од оваа година е од 0,1 до 0,2 проценти, изјави денес министерот за економски развој Алексеј Улјукајев.

„Нашата економија порасна за 0,7 проценти во првите осум месеци од оваа година. Очекуваме дека економскиот раст во третиот и четвртиот квартал оваа година ќе биде од 0,1 до 0,2 проценти“, изјави Илјукајев на седицата на Владата, пренесува Итар тас.

Европската банка за обнова и развој – ЕБРД, соопшти дека очекува дека руската економија ќе доживее застој по недоволно добрата прва половина од годината, најмногу под влијание на новите економски санцкии.

Во извештајот се наведува дека во вториот квартал продолжил одливот на капитал од Русија, но со значително побавно темпо отколку во првиот квартал.

ЕБРД наведува дек вкупниот нето одлив на приватниот капитал од Русија во првите шст месец од оваа година достигнал 75 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП