25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕВН ја реконструира и модернизира дистрибутивната мрежа во малешевскиот регион

ЕВН ја реконструира и модернизира дистрибутивната мрежа во малешевскиот регион

evn makedonija 33

Корисничкиот енерго центар на ЕВН Македонија во Делчево интензивно работи на реконструкција на дистрибутивната мрежа во повеќе населени места под Малешевските планини.

Од компанијата посочуваат дека над 150 илјади евра се инвестирани во реконструкција на мрежата во најкритичните точки и во изградба на нова во населените места каде се зголемува бројот на корисници.

„Во Берово и блиските села извршено е каблирање на 10 киловолтниот Извод Берово 1 и Села 1, поставени се нови подземни кабли во должина од 2.000 метри со што над 1.000 корисници добија постабилно напојување со електрична енергија. Со ова се зголеми безбедноста на населението и се отвора можност за урбанизација на делот каде беа воздушните водови“, соопшти ЕВН Македонија.

За потребите на корисниците од месноста Суви Лаки, се додава во соопштението, изградена е ниско напонска мрежа во должина од 1.146 метри, 10 киловолтен приклучен далновод во должина 200 метри, а изградена е и нова трафостаница (ТС 10/0,4 киловолти, 400 киловолт ампери), со што се подобрува снабдувањето за старите и овозможено е приклучување на 40 нови корисници.

„Во тек е реализација на проектот за изгрдба на новата трафостаница Моштица (ТС 10/04 киловолтна) на која е приклучен 10 киловолтен далновод со должина 400 метри и реконструкција на мрежата со што проблемите на корисниците со напонот во село Моштица и Македонска Каменица ќе бидат надминати“, наглсуваат од ЕВН Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП