26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРуските нафтени гиганти ќе инвестираат во Мексико

Руските нафтени гиганти ќе инвестираат во Мексико

nafta kop

„Газпром“ и „Лукоил“ се заинтересирани за инвестиции во производството на електрична енергија во Мексико, соопшти „Bloomberg“, повикувајќи се на генералниот директор на агенцијата „ProMexico“, Франсиско Гонзалес Дијаз, посветен на промовирање на мексиканските производи надвор од границата.

Благодарение на реформите во секторот на електрична енергија во Мексико, руските компании можат да соработуваат со државната енергетска компанија „CFE“. Се очекува Мексико да добие 30 милијарди долари странски инвестиции во 2015-та година.

Во февруари „Газпром“ го изрази својот интерес кон проекти за производство на енергија во Мексико. Другата руска компанија, мотивирана да работи во земјата, е „Лукоил“. Во јануари таа потпиша договор за соработка со мексиканската државна нафтена и петрохемиска компанија „Pemex“.

Во август 2013-та година „Газпром“ соопшти дека е заинтересирана за инфраструктурни проекти во Мексико, особено учество во проекти за модернизација на системот за транспорт на гас од мексиканската компанија „Pemex“.

Повеќе од 70 години на приватни компании им беше забранет пристап до енергетскиот пазар во Мексико. Енергетската реформа, која се одржа во 2013-та и 2014-та година, обезбеди можност да се склучуваат договори меѓу мексикански државни фирми и странски компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП