6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСловенечкиот осигурител со рекорден профит

Словенечкиот осигурител со рекорден профит

triglav

Триглав групацијата, 2012 година ќе ја заклучи со 60 милиони евра нето добивка, што е најголемата сума во историјата на оваа осигурителна компанија, пренесува „Finance“.

Овие информации, вчера на состанокот со новинарите во Љубљана, ги потврди претседателот на Одборот на Заваровалница Триглав, Матјаж Раковец. Покрај добивката, забележан е и пад на собраните премии, минатата годинатие беа 984 милиони евра, а една година претходно 989,4 милиони евра.

Раковец проценува дека 2013 година ќе биде предизвикувачка, односно дека премијата на Триглав и понатака ќе опаѓа. Пазарната капитализација на Заваровалница Триглав изнесува 380 милиони евра, а вредноста на нејзините акции во 2012 се зголеми за 70 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП