28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцускиот јавен долг ќе достигне 100% од БДП

Францускиот јавен долг ќе достигне 100% од БДП

francijajdnbh43tr4

Нацрт-законот за финансиите за 2015 година предвидува дека францускиот јавен долг следната година ќе достигне 100 проценти од бруто домашниот производ (БДП).

Според информациите на францускиот весник „Eco“ новиот предлог-закон за финансиите кој ќе биде претставен на 1. октомври на советот на министри, предвидува дека францускиот јавен долг во 2015 година ќе достигне дури 100 проценти од БДП, а во 2016 и 2017 тој малку ќе се намали.

Најновиот нацрт е логична последица од планираниот раст на дефицитот, но и падот на економскиот раст и инфлацијата, се наведува во францускиот економски дневник.

Стапката на задолжување на Франција никогаш не била толку ниска, државата се задолжува краткорочно дури и по негативна каматна стапка, како што беше случај и во понеделникот кога државата се задолжи осум милијарди евра, коментираше новинарот на „Eco“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП