3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамален профитот на Inditex

Намален профитот на Inditex

zara1

Нето профитот на шпанската компанија „Inditex“, сопственик на модниот бренд „Zara“, се намали во првата половина од годината за 2,4 проценти, поради промените на девизиниот курс и отворањето на низа нови продавници.

Во соопштението на „Inditex“ се наведува дека во шест месеци од февруари, кога започна фискалната година за оваа компанија, до јули, нето профитот е намален на 928 милиони евра во однос на 951 милион евра во истиот период претходната година, пренесува агенцијата Франс прес.

Кога ќе се прилагоди промената на девизниот курс, продажбата на „Inditex“ во продавниците преку интернет е зголемена во првото полугодие за 11 проценти.

„Inditex“ во периодот помеѓу февруати и јули отворил продавници на 40 различни пазари, со што вкупниот број на продавници на оваа компанија порасна на 6.460 во целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП