
Претседателката на американската Банка на федерални резерви (ФЕД), Џенет Јелен, изјави дека Европа сеуште претставува „опасност“ за светската економија.


Претседателката на американската Банка на федерални резерви (ФЕД), Џенет Јелен, изјави дека Европа сеуште претставува „опасност“ за светската економија.
Економијата на Европа е еден од ризиците за глобалната економија, изјави шефицата на ФЕД на конференцијата за новинари во Вашингтон.
Јелен особено ја посочи „премногу ниската инфлација“ и „слабиот“ економски раст во Европската унија која се бори да закрепне од должничката криза од 2010 – 2011 година.
Во вториот квартал, бруто домашниот производ (БДП) во еврозоната стагнираше по срамежливото зголемување од 0,2 проценти во претходниот квартал.
Со цел да се поттикнат економските активности и да се спречат заканите од дефлација, Европската централна банка (ЕЦБ) на почетокот на септември уште еднаш ја намали каматната стапка и најави програма за откуп на финансиски производи од должничките хартии од вредност (ABS).
„Ние очигледно се надеваме дека тие ќе успеат да го поттикнат економскиот раст и инфлацијата“, изјави Јелен, додавајќи дека тоа би било „добра работа“ за економијата во светот и за САД.