19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКазнети физички лица за нелегално производство и пласман на тутун

Казнети физички лица за нелегално производство и пласман на тутун

tutuniiite

Нелегално производство на 60 хектари широколисен тутун, без склучени договори за откуп, кај 24 физички лица, констатира Државниот инспекторат за земјоделство при контролите спроведени во првата половина од месецов.

Како што изјави директорот на Инспекторатот Румен Стаменов, на лицата кои нелегално произведувале им е изречена парична казна од 600 евра и им се издадени решенија за забрана на производство и пласман на овој тип тутун.

„Инспекторите повторно извршија контрола и констатираа дека од 24-те лица, 12 не се придржувале на решенијата за забрана за производство и пласман, поради што, согласно Законот за тутун, ќе им биде изречена казна од 1.500 евра“, рече Стаменов.

Во тек е координирана акција со Министерството за внатрешни работи за одземање на нелегалното производство на тутун.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП