25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSony очекува големи загуби во оваа година

Sony очекува големи загуби во оваа година

soni moe

Јапонскиот производител на електроника „Sony“ ја подигна прогнозата за овогодинешната загуба за повеќе од четири пати или на 230 милијарди јени (2.14 милијарди долари). Причината за ова се слабите резултати во рамките на работењето со мобилните телефони.

Компанијата претходно за оваа фискална година заклучно со март 2015-та година прогнозираше загуба од 50 милијарди јени.

„Sony“ ја намали прогнозата за продажбата на паметни телефони, наведувајќи дека во таа област бележи загуби во работењето поради силната конкуренција во американски Apple и јужнокорејски „Samsung“.

„Ја намаливме прогнозата за да го намалиме ризикот и неизвесноста, а остваруваме послаби резултати. Направивме промена во стратегијата во одредени географски области и ќе се концентрираме на премиум производите, со намалување на бројот на модели во средната класа на уреди“, соопштува компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП