20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавен повик за обнова на автопатската делница Смоквица-Гевгелија

Објавен повик за обнова на автопатската делница Смоквица-Гевгелија

avtopat152

Автопатската делница Смоквица – Гевгелија во должина од 10,1 километар ќе биде обновена.  Заинтерсираните компании за планираните градежни работи можат да достават понуди до 9 декември годинава, согласно објавениот јавен повик на Европската Комисија.

По спроведувањето на постапката и склучување договор, се очекува градежните работи да се реализираат во рок од една година.

„Предвидено е реконструкцијата и надградбата од автопатната делница да опфати обнова на асфалтот по целата должина од делницата, како и проширување на трета лента на подделниците Смоквица-Прдејци  од 6,72  километри и Негорци-Гевгелија 3,43 километри. Се планира и поставување нови банкини и заштитници, поставување нова, современа хоризонтална и вертикална сигнализација“, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.

Со проектот, според ресорното Министерство, предвидени се повеќе активности за подобрување на условите за патување, ќе се овозможи пред се зголемување на безбедноста при патувањето, намалување на бројот на сообрајќајни незгоди, скратување на времето на патување, како и намалување на трошоците за одржување на возилата кои поминуваат по делницата.

Обновата на автопатската делница Смоквица-Гевгелија е надоврзување на тековниот проект за изградба на нов автопат на делницата Демир Капија – Смоквица, по чие завршување делот на меѓународниот коридор 10 што поминува низ Македонија ќе биде целосно заокружен на ниво на автопат.

Јавниот повик е објавен на интернет-страницата за развој и соработка на Европската Комисија Europeaid, како и на интернет-страницата за централно финансирање и склучување договори на Министерството за финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП