2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ ќе и помогне на економијата

ЕЦБ ќе и помогне на економијата

ecbnew1

Европската централна банка (ЕЦБ) е подготвена да преземе дополнителни мерки доколку тие бидат потребни за да се спречи дефлација во еврозоната.

Банката претходно овој месец ја намали каматната стапка близу нула и лансираше програма за купување на обврзници, покрај четиригодишните кредити кои овој месец ќе им ги понуди на банките со цел поттикнување на кредитирањето на компаниите и домаќинствата, пренесува весникот Катимерини.

Банката на Финска ја намали прогнозата за економскиот раст на ЕУ21 (земјите од еврозоната плус Шведска, Данска и Британија) за 2015 година, на 1,1 од 1,4 проценти, колку што претходно се очекуваше. Банката наведува дека бруто домашниот производ на Русија, еден од најголемите трговски партнери на Финска, оваа година ќе стагнира, а во наредната ќе се зголеми за само 0,5 проценти, во време на кризата во Украина.

Инфлацијата, според оценката на банката, во ЕУ21 за време на 2015 година ќе забрза над еден процент, а во 2016 година таа ќе достигне 1,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП