25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекорден број на милијардери во 2014-та година

Рекорден број на милијардери во 2014-та година

miilijarderi

Светската економија е во тежок период, но бројот на милијардери во светот достигна ново рекордно ниво.

Новото истражување на консултантската компанија „Wealth-X“ и „UBS“ покажува дека оваа година светот се здобил со 155 нови милијардери со што нивниот вкупен број се зголемува до рекордни 2.325 или 7% повеќе во споредба со 2013-та година.

Најмногу нови милијардери оваа година има во САД – 57. Азија и Латинска Америка, како и Карибскиот регион,можат да се пофалат со 52 и 42 нови милијардери од почетокот на 2014-та година.Најбрзо растечки сегмент меѓу милијардери се оние кои наследиле само дел од богатството или станале милијардери преку своите претприемачки потфати, се вели во извештајот.

Во него, исто така, се забележува дека 63% од главните компании на сите милијардери не се јавни. Бројот на милијардери во пазарите во развој, сепак дава контрадикторни сигнали. Во Африка општото богатство на милијардерите е зголемено, но нивниот број е намален, главно поради варијабилните социо-политички услови. Слична ситуација е забележана и во Блискиот Исток.

Просечниот милијардер е на 63 годишна возраст со лично богатство во износ од 3.1 милијарди долари, според извештајот во кој се наведува дека состојбата на повеќето богаташи не ја достигнува сумата од 1 милијарда долари пред тие да се доближат до 50 години.

Речиси 90% од мажите милијардери се во брак, 6% се разведени, 3% се неженети, а 2% се вдовци. Главните индустрии кај мажите милијардери се финансиите и банкарството, индустриските конгломерати, недвижностите, производство на текстил и облека и луксузни стоки. Вкупно 65% од жените милијардери се мажени, 10% се разведени, 4% се немажени, а 21% се вдовици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП