23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКанaда воведе нови санкции против Русија

Канaда воведе нови санкции против Русија

kanada rusija

Канада вчера воведе нови санкции против Русија, со кои се опфатени четири војни генерали, банки и производители на оружје, поради поддршката на Москва за проруските сили на истокот во Украина.

Министерот за надворешни работи на Канда, Џон Берд, во соопштението наведе дека ова е 12-тата рунда на економски санкции воведени поради „продолжената агресија“ на Москва на истокот во Украина.

Берд најави дека и Канда ќе испрати во Украина повеќе од 300 набљудувачи, меѓу кои и 12 пратеници, да ги надгледуваат изборите, кои ќе бидат одржани на 26 октомври.

САД и ЕУ минатата недела воведоа нови санкции кон Русија поради нејзината политика кон Украина.

ЕУ ја објави листата на санкции против Русија, со кои се цели на големите руски банки во државна сопственост, како и на нафтените и гасни фирми и компаниите за производство на авиони OAK.

Москва ја критикуваше политиката на санкции на Европската унија против Москва и предупреди дека „дополнителното воведување на казнени мерки од Европската унија“ значително ја намалува можноста за дијалог.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП