26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА5 знаци дека ви се заканува отказ на работа

5 знаци дека ви се заканува отказ на работа

otkaz-490x367kmjijuju

Ако на работа не ви оди добро или ситуацијата е нерешена, би требало да внимавате на евентуални знаци кои укажуваат на тоа дека ви се заканува отказ. Ако инстинктот ви говори нешто, тогаш обрнете внимание. Ако забележите било кој од овие знаци, време е да направите планови за барање нова работа.

Добивате невозможни задачи

Еден од знаците кои укажуваат на тоа дека ви се заканува отказ е кога ќе почнете да добивате задачи кои нема да може да ги извршите. Вашите шефови ќе водат евиднција за задачите и роковите до кои би требало да ги завршите, само за да си ги исполнат своите цели.

Нема почитување на работното место

Ова е еден од значајните фактори кои укажуваат на отказ. Кога некој вели: „Потребно е да ја промените својата личност“, тоа може да го сфатите и како совет и да го промените пристапот при интеракцијата со другите луѓе. Можеби сте тип на личност која кажува се што ќе и падне на памет, но мора да бидете свесни дека понекогаш е подобро да ја „држите устата затворена“.

Кога ќе ги изнервирате вашите шефови

Бидете многу внимателни да не ги изнервирате вашите шефови, особено кога кажувате нешто непријатно за компанијата. Тие тоа ќе го разберат како навреда, како да сте сториле злосторство, па можеби и ќе ви соопштат дека вашите услуги повеќе не им се потребни.

Сте направиле страшна грешка

Знаете дека неодамна сте направиле голема грешка и дека то би можело да биде закана за вашата работа. Неспособноста во извршувањето на задачите може да има големи последици. Дури и ако сте шеф, може да останете без работа.

Вашите колеги остануваат без работа

Замислете да стигнете на работа и да откриете дека голем број од вашите колеги се отпуштени и на нивно место се вработени некои нови луѓе. Немојте да ги игнорирате овие работи. Тоа може да ви даде одредени назнаки дали останувате на работа или ви се заканува отказ. Потрудете се да читате меѓу редови.

Не е лесно да ја изгубите работата, особено ако е незаслужено. Ако видите било какви знаци дека ќе бидете отпуштени, реагирајте брзо. Ако мислите дека работата е вредна за спасување, разработете план како да останете во компанијата, или, ако тоа не е случај побарајте некоја нова, можеби подобра прилика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП