18 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуската инфлација 7,5 наместо 7,2 проценти

Руската инфлација 7,5 наместо 7,2 проценти

inflacija1

Руското Министерство за економија ја ревидираше својата прогноза за инфлацијата до крајот на годината, оценувајќи дека таа ќе изнесува 7,5 наместо 7,2 проценти како што претходно беше предвидено.

Рускиот министер за економија Алексеј Улиукајев, кој ги претстави новите предвидувања за инфлацијата, не ја исклучи можноста инфлацијата до крајот на годината да надмине осум проценти.

Стапката на инфлацијата на почетокот на септември изнесуваше 7,7 проценти, бидејќи трошоците се зголемени поради руската забрана за увоз на прехрамбени производи од Западот, воведени како одговор на сакциите од Европската унија и САД кон Русија поради украинската криза.

Руската рубља овие денови се намали на најниската вредност во однос на доларот и во вторникот еден долар чинеше 38,8 рубљи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП