ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален прометот во трговијата на мало во јули

Намален прометот во трговијата на мало во јули

trgovija malo 2993

Во трговијата на мало во јули годинава година, во споредба со јули лани гледано по групи и класи, е евидентирано намалување на прометот, објави денеска Државниот завод за статистика.

Намалување на прометот е забележано во групите „трговија на мало со храна, пијалаци и тутун“ (номинално за 10 проценти, а реално за 9 проценти), а во „трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво“ (номинално за 0,6 проценти, а реално за 11,2 проценти).

Во трговијата на мало, освен трговија со горива е евидентирано намалување (номинално за 5,4 проценти, а реално за 5,3 проценти), а во трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 7 проценти, а реално за 9,3 проценти).

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП