19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРеконструиран граничниот премин „Богородица“

Реконструиран граничниот премин „Богородица“

carina 222222

Целосно реконструирана управната зграда и придружните објекти на граничниот премин „Богородица“. Проектот се реализира во рамки на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007-2013 од Инструментот за предпристапна помош (ИПА), а е финансиран од страна на Европската унија, со финансиско учество  на Владата на Република Македонија.

Реконструкцијата, со која е извршена санација на покривот, столаријата, фасадата, како и ново поставената опрема за регулирање на сообраќајот ќе придонесе за поголема функционалност, зголемен квалитет на услугите и контролите на возилата и патниците, поголема безбедност и олеснување на минувањето на државната граница.

Преку граничниот премин годишно минуваат над 3 милиони патници во двете насоки и сообраќаат над 200.000 товарни превозни средства.

Од Царинската управа посочуваат дека во иднина, со поддршка на Европската унија и на Владата на Република Македонија, ќе реализира уште два проекта за надградба на објектите за царинење на граничните премини Табановце и Ќафасан.

На настанот присуствуваше делегација од Генералниот директорат за проширување на Европската комисија (ЕК), предводена од Дејвид Кален, како и високи претставници од делегацијата на Европска Унија во Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП