29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрпската Влада набрзо ќе донесе одлука колку ќе бидат намалени платите и...

Српската Влада набрзо ќе донесе одлука колку ќе бидат намалени платите и пензиите

Vlada-Republike-Srbije

Владата на Србија треба во следните седум дена да донесе решение за тоа колку ќе бидат намалени платите во јавниот сектор и пензиите, со цел да се намали буџетскиот дефицит и да се стабилизираат јавните финансии, изјави српскиот вицепремиер Зорана Михајловиќ.

„Не е важно кој ден ќе биде донесена одлуката. Важно е тоа да се направи квалитетно и да се дефинираат приоритетите во Владата, министерствата и државните претпријатија“, истакна Михајловиќ.

Таа нагласи дека „при подготовките на мерките, кои ќе овозможат намалување на буџетскиот дефицит, е потребно да се одвои важното од помалку важното, за што Владата ќе донесе одлука во следните седум дена“.

Според неа, до крајот на неделава ќе биде познат економскиот план во државните претпријатија, кои треба да имаат јасно определени проекти и да го реализираат само она што се наоѓа на списокот на приоритети, а останатото ќе мора да почека.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП