28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален бројот на гладни лица во светот

Намален бројот на гладни лица во светот

F

Бројот на гладни лица во светот е намален за повеќе од 100 милиони во изминатата деценија, но 805 милиони луѓе, односно еден од девет лица, сеуште нема доволно храна.

Ова денес го соопштија три глобални агенции за земјоделство и храна.

Програмите на многу влади за намалување на бројот на гладни лица помогнале во тоа светот да се врати на патот кон исполнување на целите на ОН во периодот од 1990 до 2015 година бројот на гладни лица да се преполови, наведува ФАО, Меѓународниот фонд за земјоделски развој и Светската програма за храна.

„Новите податоци покажуваат дека постои напредок во намалувањето на бројот на гладни лица во светот, но и дека има уште многу нешта да се направат за тој проблем да биде решен“, наведуваат организациите.

Напредокот во земјите како што е Бразил, кои придонесуваат во вкупните глобални резултати, ги маскира проблемите во земјите како Хаити, каде бројот на гладни е зголемен од 4,4 милиони во периодот од 1990-1992 на 5,3 милиони во периодот 2012-2014.

Државите како Бразил и Индонезија ги остварија своите развојни цели преполовувајќи го бројот на гладни со помош на инвестиции и измени на законите во бројни области, од земјоделството до прехраната во училиштата.

Извештајот на ФАО, сепак, покажува дека во другите земји, пред се во супсахарска Африка и јужна и западна Азија, се потребни дополнителни напори за бројот на гладните во земјите во развој да се намали од сегшните 13,5 на 11,7 проценти до крајот на 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП