26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈанакиески на неформална средба на министри за транспорт во Милано

Јанакиески на неформална средба на министри за транспорт во Милано

ekonomija_janakievski222

Трансевропските транспортни мрежи се централна тема на неформалната средба на министрите за транспорт и врски во ЕУ, што се одржува денеска и утре во Милано, Италија.

На средбата, на која учествува и македонскиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, ќе се дискутира за планирањето и управувањето на трансевропските коридори, политиките и инструментите за нивно финансирање, како и одржливоста, мобилноста и социјалната инклузија во градовите долж коридорите.

На средбата, освен министри за транспорт на земјите-членки на ЕУ, учествуваат и Сиим Калас, заменик-претседателот на Европската Комисија одговорен за транспорт, како и градоначалници на поголемите европски градови.

Домаќин на средбата е италијанскиот министер за транспорт и инфраструктура Маурицио Лупи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП