11 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕрдоган ги обвини „Фич“ и „Мудис“ за политички мотив при оценката за...

Ердоган ги обвини „Фич“ и „Мудис“ за политички мотив при оценката за турската економија

Recep Tayyip Erdogan

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги обвини рејтинг агенциите „Мудис“ и „Фич“ за политичка мотивираност при нивната оценка за турската економија, предупредувајќи дека Анкара може да ги прекине врските со нив.

„Мудис“ и „Фич“ во последните седмици предупредија за потенцијалното влијание на политичката небезбедност по победата на Ердоган на првите директни претседателски избори во земјата, кои се одржаа на 10 август.

Ердоган вчера истакна дека таквите изјави се политички мотивирани и не ја покажуваат реалната слика за економијата во земјата.

„Ние ја прекинавме нашата соработка со „Стандард енд Пурс“ и ако тие продолжат по истиот пат, можам да му кажам на премиерот да ја прекине соработката исто така и со овие две“, нагласил Ердоган, додавајќи дека „се уште не ја достигнале таа точка“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП