28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOrange ќе понуди 3,4 милијарди евра за Jazztel

Orange ќе понуди 3,4 милијарди евра за Jazztel

Orange-Mau

Француската телекомуникациска компанија „Orange“ денес соопшти дека се подготвува да изнесе понуда вредна 3,4 милијарди евра за купување на шпанскиот опeратор од фиксната телефонија „Jazztel“.

Понудата би требало денес да биде претставена пред акционерите на „Jazztel“.

„Понудата ќе донесе консолидација на шпанскиот телекомуникациски пазар и ќе ги соедини двата динамични играчи во овој сектор со реален потенцијал за раст“, наведува во соопштението директорот на „Orange“, Стефан Ришер.

„Orange“ , наведува дека понудата за акционерите на „Jazztel“ изнесува 13 евра за акција, односно 34 проценти од просечната цена во изминатите 30 дена.

Според наводите на „Orange“, претседателот на „Jazztel“ Леополдо Фернандез Пухалс, кој е сопственик на 14,5 проценти од компанијата, ќе ја прифати понудата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП