29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе секс за повеќе пари

Повеќе секс за повеќе пари

K

Резултатите од една најновата германска студија покажуваат дека квалитетот на сексуалниот живот влијае врз заработувачката.

Така, луѓето кои водат љубов најмалку четири пати неделно заработуваат за пет отсто повеќе од помалку активните во спалната соба.

За полн паричник доволно е секс само еднаш неделно и во тој случај ќе имате за 3,2 проценти повеќе пари од луѓето кои имата секс поретко од еднаш во неделата.

Во истражувањето учествувале 7.500 испитаници на возраст од 26 до 50 години кои одговарале на прашањето за сексуалните активности, приходите и здравствената состојба.

И оваа студија потврдува дека сексуално активните луѓе имаат помали шанси да заболат од дијабетес, срцеви болести и артритис. Резултатите не го изненадуваат шефот на истражувачкиот тим, доктор Ник Драјдакис.

– На луѓето им е потребно да сакаат и да бидат сакани. При недостиг на љубов луѓето стануваат жртви на осаменоста, депресијата и анксиозноста, што негативно се одразува на работниот живот. Сексуалната активност е клуч за здравјето и позитивно влијание на сите аспекти во животот, потсетува Драјдакис.

Меѓутоа, друго истражување покажа и друга страна на медалот дека луѓето со поголеми приходи кои имаат големи куќи и скапи автомобили, губат многу од својот љубовен живот.

Само четири отсто од луѓето кои имаат високи приходи имаат секс секој ден, а таа бројка е три пати поголема кај оние со пониска заработувачка.

Ова истражување исто така, открива дека една третина од луѓето кои заработуваат повеќе од 50.000 фунти годишно имаат секс само еднаш неделно.

Од друга страна, само 17 процебнти од оние кои заработуваат помалку од 15.000 фунти годишно, имаат секс само еднаш неделно.

И на крајот, дури 54 отсто од луѓето кои имаат заработувачка на средно ниво, имаат сексуални односи неколку пати неделно.

Богатите се понаклонети кон егзибиции, па 83 отсто од нив имат секс на отворено, додека само 66 проценти од оние со пониски приходи пробале секс на отворен простор.

Милијардерот, сер Ричард Бренсон признава дека луѓето кои постигнале многу во животот и се богати, сакаат авантурстички секс, пишува „Дејли мејл“.

– Луѓето кои заработуваат повеќе, логично и работат повеќе, па разбирливо е зошто поретко водат љубов.

Исто така, тие се помалку ставаат акцент на нините врски и поради тоа почесто имаат секс за една ноќ, вели портпаролот на компанијата „Лавхани“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП