25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната плата во Словенија 1.000 евра

Просечната плата во Словенија 1.000 евра

slovenija1

Просечната нето плата во Словенија во јули изнесувала 1.002,75 евра, односно за 0,7 проценти повеќе во однос на претходниот месец, покажаа официјалните податоци во Љубљана.

Просечната бруто плата истовремено се зголемила за 0,9 проценти на 1.535,66 евра, наведува словенечкиот Завод за статистика, пренесува агенцијата СТА.

Во однос на јуни, просечната нето плата во приватниот сектор пораснала за 1,5 проценти, а во јавниот се намалила за 0,3 проценти, како резултат од намалувањето на платите за 1,3 проценти во поширокиот јавен сектор, наведува Заводот.

Нејвисоката просечна плата во јули забележана е во секторот за електрична енегија и гас (1.444,74 евра), потоа во финансиите и осигурувањето (1.377,68) и рударството (1.355,37 евра).

Најголемиот раст на платите, од 4,2 проценти евидентиран е во земјоделскиот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП