25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЈавната понуда на акции на Alibaba би можела да биде најголема во...

Јавната понуда на акции на Alibaba би можела да биде најголема во историјата

alibaba bogat

Акциите на кинеската компанија за е-трговија, која бележи повеќе трансакции од „Amazon.com“ и „eBay“ заедно, привлекоа голем број на инвеститори, па побарувачката за нив е значително поголема од понудата.

Благодарејќи на големата побарувачка, распонот на цената на акциите на „Alibabа“ во иницијалната јавна понуда (IPO) вчера е зголемена на 66 до 68 долари, а тоа би можело да биде рекордна јавна понуда не само во технолошкиот сектор, туку воопшто во историјата.

Ако околу 320-те милиони акции на „Alibabа“ во „IPO“ бидат запишани по максимална цена од 68 долари, компанијата би собрала околу 22 милијарди долари, највеќе во историјата на технолошкиот сектор, затоа што „Facebook“ во јавната понуда во 2012-та година собра 16 милијарди долари.

Но, постои и опција за продажба на дополнителни акции, па јавната понуда на „Alibabа“ би можела да биде најголема во историјата. На тој начин, компанијата би можела да собере 24.3 милијарди долари, а со тоа да го надмине досегашниот рекорд на „Agricultural Bank of China“ која во 2010-та година во „IPO“ собра 22.1 милијарди долари.

Јавната понуда на акции на „Alibabа“ започна минатата недела во Њујорк, а побарувачката ја покри понудата по само два дена по објавувањето на финансиските резултати и стратегијата за раст на компанијата.

Се очекува дека конечната цена на акциите на „Alibabа“ во јавната понуда ќе биде одредена овие денови, а тргувањето со нив на „Wall Street“ би можело да започне многу скоро.

Најголемата кинеска компанија за е-трговија „Alibaba“ остварува околу 80 проценти од целата „online“ продажба во Кина. Со оглед дека компанијата се занимава и со други интернет услуги, како и „cloud computing“, „Alibaba“ повеќе од 80 проценти од своите приходи ги остварува на три трговски платформи на кои продава „се“ – од игли за шиење до мебел и производи за деца.

Минатата година со тоа оствари промет од околу 248 милијарди долари, додека бројот на нејзини активни корисници порасна за 14 проценти или на 230 милиони, повеќе од што имаат „Amazon.com“ и „eBay“, заедно.

По јавната понуда на акции, „Alibaba“ има во план да го прошири своето работење во САД и Европа.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП