2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСветот „полуде“ по новиот iPhone!

Светот „полуде“ по новиот iPhone!

iphone61333

Новиот модел паметен телефон на „Apple“ – „iPhone 6“, уште не стигнал до продавниците, а веќе од компанијата објавија рекордна прелиминарна продажба.

За првите 24 часа од почетокот на приемот на барања за моделот беа продадени четири милиони уреди, соопштија од компанија.

„Ова е нов рекорд за компанијата”, потврдува извршниот директор Тим Кук.

„Моделите „iPhone 6“ и „iPhone 6 Plus“ се подобри од своите претходници во секој поглед и сме задоволни дека имаат сличен топол прием од корисниците“, додава Кук.

Оние кои сакаат да го купат новиот „iPhone“ модел можат да избираат помеѓу моделот со 4.7-инчен и 5,5-инчен екран. И двата модели се со нов дизајн, потенки се и имаат подобри камери, побрзи процесори и напредни екрани.

Моделите имаат вклучен сервис за плаќање „ApplePay“. За споредба, во текот на изминатата година моделите „iPhone 5c“ и „5S“ регистрираа продажба во износ од 9 милиони уреди за првите три дена од излегувањето на пазарот. „Apple“ имаше 2 милиони продадени уреди во првите 24 часа на моделот „iPhone 5“ во 2012-та година, како и 1 милион парчиња кај моделот „iPhone 4s“ во 2011-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП