27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДоделен првиот отказ во Германија, Хамбургер го отпушти Сломка

Доделен првиот отказ во Германија, Хамбургер го отпушти Сломка

mirko slomka 3834

Тренерот на германски Хамбургер, Мирко Сломка беше отпуштен по лошиот старт на сезоната во Бундеслигата.

47-годишниот стратег го презеде тимот во средината на минатата сезона, заменувајќи го Берт ван Марвијк, во период во кој Хамбургер беше загрозен за прв пат во историјата да испадне од Бундеслигата.

Сломка успеа да го спаси елитниот статус на клубот, но почетокот на новата сезона беше многу слаб, па по три круга Хамбургер е на дното на табелата со само еден бод.

Во неделата, тимот забележа пораз од Хановер со 2: 0 и тоа го натера раководството да дејствува и да се ослободи од Сломка. Уште не е познато кој ќе го преземе тимот, на кој му претстои гостување на шампионот Баерн Минхен во текот на викендот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП