29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФискалните приходи на Кина во август изнесуваа 149 милијарди долари

Фискалните приходи на Кина во август изнесуваа 149 милијарди долари

kinagbety54

Фискалните приходи на Кина во август изнесуваа 910,9 милијарди јуани , 149,33 милијарди долари, што е раст од 6,1 проценти во однос на истиот период минатата година, соопшти Министерството за финансии.

Меѓутоа, стапката на раст е забавена во споредба со јули, кога таа изнесуваше 6,9 проценти.

Приходите на централната влада изнесувале 445,4 милијарди јуани, што е зголемување од 5,5 проценти во однос на истиот период минатата година, додека приходите на локалните влади изнесувале 465,5 милијарди јуани, што е зголемување од 6,6 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Темпото на фискалната потрошувачка, исто така, е забавено. Во август националните фискални расходи пораснале за 6,2 проценти, на 1,02 илјади милијарди јуани, што е помалку од јулските 9,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП