
Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството со седиште во Битола почнува со серијал трибини за претставување на новото индексирано осигурување на остварени приноси од посеви.


Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството со седиште во Битола почнува со серијал трибини за претставување на новото индексирано осигурување на остварени приноси од посеви.
Целта е да се запознаат земјоделците со начинот на функционирање на новиот систем за осигурување, а во тие рамки и на Европа Ре, опис на новото индексирано осигурување на остварени приноси од посеви, прв од ваков тип во Македонија, неговата достапност и начинот на кој ќе функционира.
Првите две трибини ќе се одржат вечер во селата Могила од 19 часот и Новаци од 20.30 часот, а утревечер од 19 часот и во селото Ивањевци. На трибините ќе говорат Надица Јовановска Бошковска, раководителка на претставништвото на „Европа Ре“ во Македонија и претставник на Албсиг – акредитирана осигурителна компанија која ќе ги продава полисите.
За почетната година ќе се нуди осигурување за две култури, односно есенска пченица и јачмен. Европа Ре ќе го зголеми портфолиото на култури кои ќе бидат опфатени со овој земјоделски производ во текот на 2015 година, со тоа што ќе понуди осигурување за пченка и винско грозје, посочуваат од Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството.