6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШкотскиот референдум го загрози закрепнувањето на еврозоната

Шкотскиот референдум го загрози закрепнувањето на еврозоната

OECDf45tfg56ty56y67u

Забавеното закрепнување на еврозоната ги задушува перспективите за раст на глобалната економија, предупреди Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), намалувајќи ја прогнозата за раст на повеќето развиени земји.

Закрепнувањето е загрозено поради растот на тензиите во Украина и на Блискиот Исток, како и поради неизвесноста во поглед на иднината на Шкотска, наведуваат во соопштението на ОЕЦД, пренесува агенцијата Франс прес.

Се додава дека продолжувањето на забавениот раст во еврозоната најмногу загрижува, поради што ОЕЦД за една третина ја намали прогнозата за економскиот раст на еврозоната за 2014 година, на 0,8 проценти, од претходно прогнозираните 1,2 проценти.

Иако беше соопштено дека скромниот економски раст на САД останува на прав пат, ОЕЦД ја намали и прогнозата за раст на САД за оваа година на 2,1 проценти од претходните 2,6 проценти, додека прогнозата за раст на јапонската економија е намалена за една четвртина, на раст од 0,9 проценти наместо 1,2 проценти.

ОЕЦД, сепак, не ја објави најновата прогноза за раст на глобалната економија за ова година, за која во мај прогнозираше раст од 3,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП