26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМИОА потпиша договори за соработка со Албанија и со ICANN

МИОА потпиша договори за соработка со Албанија и со ICANN

ivo ivanovski099248

Договор за соработка во областа на информациско– комуникациските технологии денеска во Скопје потпишаа министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и министерката за иновации и јавна администрација на Република Албанија, Милена Харито.

Целта на договорот, потпишан на маргините на Регионалниот форум за интернет владеење 2014 што се одржа во Скопје, е координирање на напорите на национално и меѓународно ниво, особено на технолошката соработка, пронаоѓање решенија за надминување тешкотии во ИКТ секторот и иновациските активности.

Соработката меѓу двете земји ќе вклучува размена на податоци поврзани со меѓународни регулативи, стандарди и договори во ИКТ секторот, стимулирање на инвестиции во областа на ИКТ во двете земји. Договорот предвидува и воспоставување заеднички работни групи базирани на заеднички проекти во ИКТ секторот, институционална поддршка на компании во двете земји за заеднички активности, соработка во обезбедување на обуки во ИКТ секторот, како и развој на човечки ресурси за образование во областа на ИКТ и образование базирано на ИКТ.

Министерот Ивановски денеска во Скопје потпиша и Меморандум за разбирање со извршниот директор на Интернет корпорацијата за доделување имиња и броеви (ICANN), Фади Шехаде.

Меморандумот има за цел да ја продолжи соработката за унапредување на користењето на меѓународно прифатените имиња на домени, вклучувајќи ги и оние на кирилично писмо, поддршка на развојот на индустријата на имиња на домени во Европа, како и поддршка на моделот за глобално управување на Интернетот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП