3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбогатите Кинези ја напуштаат земјата?

Најбогатите Кинези ја напуштаат земјата?

China-Chengdu2-12

Речиси половина од ултра бoгатите Кинези размислуваат да ја напуштат земјата, а многумина од нив како причина ги наведуваат подобрите можности во странство во образованието и вработувањето на нивните деца, покажа анкетата на компанијата Барклајс Велт.

Анкетата во која учествуваа 2.000 многу богати Кинези покажа дека 47 проценти од нив планираат да се преселат во странство во наредните пет години.

Кинескиот полуавтономен град Хонг Конг е дестинација која за преселување би ја избрале 30 проценти од анкетираните, пренесува агенцијата Франс прес,

Потоа следи Канада, во која би се преселиле 23 проценти од богатите Кинзи, иако Отава претходно во оваа година ја уника емигрантската инвестициона виза која претходно беше популарна меѓу богатите Кинези.

Кина во изминатите децении бележеше двоцифрен економски раст, но во моментов е соочена со неизвесноста околу темпото за економско зајакнување.

Со економската експанзија дојдоа и големите цени, особено во големите градови како Пекинг и Шангај, што е уште едена од причините поради кои богатите Кинези размислуваат да се преселат.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП