26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОдлични резлутати на H&M во август

Одлични резлутати на H&M во август

hm

Шведскиот ланец на продавници за облека „Hennes & Mauritz“ (H&M) забележа одличен скок на продажбата во август, за 19 проценти, поддржан од заздравувањето на американската економија, подобрата интернет продажба и широкиот асортиман.

Август е последниот месец на третото фискално тромесечие на „H&M“ во кое компанијата забележа раст на продажбата за 16 проценти. Деталниот извештај за третиот квартал „H&M“ ќе го објави на 25-ти септември. Во денешното соопштение наведоа дека нето приходите без ДДВ изнесуваат 38.8 милијарди круни (4.2 милијарди евра). Во истиот период од минатата година тој изнесуваше 32 милијарди круни.

Минатиот месец „H&M“ ја отвори првата интернет продавница во Шпанија, на матичниот пазар на конкурентот „Inditex“. „H&M“ доцнеше зад конкуренцијата кога станува збор за интернет продавниците, но во последно време многу вложи во овој дел од работењето и во идната година има намера да отвори интернет продавници на осум од 10 пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП