26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговците со електронска опрема од 1 јануари ќе мора да се грижат...

Трговците со електронска опрема од 1 јануари ќе мора да се грижат и за електронскиот отпад

elektronski-otpad_500x300

Производителите и увозниците на електрична електронска опрема до крајот на годинава ќе треба да се организираат како колективни или самостојни постапувачи за управување со отпадна електронски опрема, информираше денеска на прес- конференција раководителот на секторот за отпад при Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Каранфилова-Мазневска.

„Законот за управување со електрична електронска опрема и отпадна електрична електронска опрема е донесен во јануари 2013 година, а се применува од јануари 2014 година. Производителите и увозниците на електрична електронска опрема, од кои 95 проценти се увозници, а мал дел производители од 1 јануари 2014 година имаат обврска да бидат регистрирани во МЖСПП. Врз основа на тој регистар од наредната година производителите ќе треба да платат одреден надомест за производите кои што се увезени или произведени во Македонија“, истакна Каранфилова-Мазневска.

Појасни дека одговорноста на производителот или трговецот со овој Закон е да се грижи за производот кога ќе стане отпад. Законот дава обврски и за граѓаните кои се крајни потрошувачи за што постојат казни од 60 евра доколку го остават електричниот апарат во несоодветна места за отпад за лектрични апарати. Во Законот се предвидува и трговецот да ја преземе старата електрична опрема од граѓаните во однос 1:1.

„Трговецот доколку потпишал договор со колективен постапувач и доколку има доволно место ќе може да прими и повеќе отпад од граѓанинот“, додаде Каранфилова-Мазневска.

Според податоците на Здружението за метална и електро индустрија, во делот на увозот на 10 типа производи кои се опфатени со Законот, на годишно ниво се увезуваат 33.000 тони електрична опрема и околу 5.000 тони компјутерска електрична електронска и оптичка опрема.

Од 33 илјади тони, 20.000 тони се опфатени со десетте производи, а 50 проценти од нив се дел од големите и малите куќни апарати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП