6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен прометот во индустријата

Зголемен прометот во индустријата

industrisko proizvodstvo

Прометот во индустријата во јули годинава е зголемен за 12,2 отсто во однос на истиот месец лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јули 2014, во однос на јули 2013 година, бележи опаѓање од 14,4 отсто, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 24 проценти.

Прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен бележи опаѓање од 3,1 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија пораст од 13 проценти.

Според главните индустриски групи, пораст од 5 преоценти се бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија, Капитални производи за 30,9 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,4, додека опаѓање има кај Енергија за 98,1 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 14 проценти.

Прометот во индустријата,пак во јули 2014 година, во однос на претхдониот месец има пад од 3,2 отсто, додека во периодот јануари-јули 2014 година, во однос на периодот јануари-јули 2013 година има раст од 12,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП