4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРокот за поднесување барања за приватизација на земјиште пролонгиран до 15 декември

Рокот за поднесување барања за приватизација на земјиште пролонгиран до 15 декември

katastar parceli

Рокот за поднесување барања за приватизација на градежно државно земјиште наместо до 13 ноември ќе биде продолжен до 15 декември годинава.

Ова го предвидуваат измените на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост што денеска го поминаа првото читање на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Според заменик-министерот за финансии Ардијан Џеладини, предложените законски измени се направени во корист на граѓаните кои од низа причини досега не успеале да поднесат барање за приватизација.

„Со ова ќе се овозможи голем број корисници на градежно земјиште кои од разни причини не поднеле барање за приватизација, да имаат уште една можност тоа да го сторат и на тој начин да го остварат своето право на сопственост“, истакна Џеладини.

Покрај ова, со измените се предлага правните субјекти на кои во изминатиот период им се доделувани решенија за корисничко право на големи површини земјиште, да го приватизираат само оној дел на кој се наоѓа деловниот објект.

Измените добија поддршка од членовите на Комисијата, кои оценија дека со нив граѓаните ќе имаат поголем бенефит.

На денешната седница беа прифатени и дадени на второ читање и дополнувањата на Законот за продажба на станови во општествена сопственост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП