27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија формира противкризен фонд

Русија формира противкризен фонд

Река_Москва

Русија во 2015 година од парите наменети за пензискиот фонд и вишокот од овогодинешниот буџет ќе оформи противкризен фонд, вреден повеќе милијарди долари и наменет за компаниите погодени од санкциите, најави рускиот министер за финансии Антон Силуанов.

Силуанов изјави дека е донесена одлука за стопирање на преносот на пари во пензискиот фонд, со што во буџетот ќе се слеат дополнителни 8,18 милијарди долари.

Според неговите зборови, цела таа сума нема да отиде во противкризниот фонд,  туку и од овогодинешниот вишок во буџетот ќе бидат додадени најмалку 2,7 милијарди долари.

„Овие 2,7 милијарди долари наредната година ќе бидат додадени во нашите противкризни резерви, што ќе ни овозможи да им помогнеме на нашите компании“, истакна Силуанов.

Неколку најголеми руски банки и нафтени компании имаат ограничен пристап до странскиот капитал, поради повеќето санкции на Западот кон Москва.

Одделни компании побарале помош од Влада, вклучувајќи ја и Роснефт, која соопшти дека има потреба од 39,70 милијарди долари помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП