18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФерги „кова“ план за враќање на Роналдо

Ферги „кова“ план за враќање на Роналдо

ronadlo

Манчестер Јунајтед „кова“ план со кој летоска би се обидел да ја доведе ѕвездата на Реал Мадрид и тоа за многу помала сума од онаа за која Португалецот беше продаден во шпанскиот клуб.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Сер Алекс Фергусон во договор со раководството на Јунајтед започнал проект, кој има за цел да го врати Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“. Двајцата големи пријатели, се видоа на „Бернабеу“, па нивната заедничка желба е повторно да работат еден покрај друг.

Кристијано Роналдо некрие дека животот во Мадрид не е веќе толку сјаен и откри дека нема да го продолжи договорот со „кралскиот клуб“, па така шпекулациите за неговото заминување се се поголеми. Португалецот  исто така не ја криеше големата љубов која ја има кон својот поранешен клуб, па поради тоа Ферги ќе направи се да го врати својот миленик „дома“.

ronadlo2

Имено, Роналдо во 2009 година беше продаден на Реал за сума од 80 милиони фунти, па според медиумите на „островот“, поради дефлацијата во цените и финансиската ситуација во фудбалот, Португалецот би можел да се врати во Јунајтед за 55 милиони фунти.

„Црвените ѓаволи“, прават сложен трансфер пакет во кој ќе се вклучи и маркетинг тимот на Роналдо, кој исто така смета дека враќањето на нивниот клиент на „Олд Трафорд“ ќе биде вистински погодок.

ronadlo1

Единствениот проблем во реализацијата на трансферот би можел да биде финансискиот фер-плеј кој стапува на сила следната година и кој би можел да влијае на платата на Роналдо, која сега изнесува 220.000 фунти неделно. Сепак, начинот со кој ќе се надмине оваа потешкотија се наоѓа токму во маркетиншкиот аспект.

Конкретно, клубот би покрил еден дел од платата, додека остатокот ќе биде терет на спонзорите и би бил надоместен преку бонусите, премиите и маркетиншките права.

Компаниите како што е Шевролет, го препознаваат потенцијалот кој го има еден од најдобрите играчи во светот и подготвени се да помогнат преку спонзорство да се реализира трансферот на Кристијано Роналдо, пред почетокот на Светското првенство во Бразил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП