9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска ја отвара врататa за сезонските работници на БиХ

Хрватска ја отвара врататa за сезонските работници на БиХ

hrvatska rabotnici 222

Вратите за сезонско вработување на босанско-херцеговски работници во Хрватска за еден месец би можеле да бидат отворени бидејќи во БиХ конечно би требало да се потпише договорот за вработување домашна работна сила во соседната држава, објавија „Независне новине“.

Со постигнување на тој договор огромен број работници од БиХ, кои сезонски работат на црно во Хрватска ќе може да се вработат таму на регуларен начин.

Директорот на Агенцијата за вработување на БиХ Аднан Делиќ потврди за весникот дека договорот за сезонско вработување босанско-херцеговски работници во Хрватска минал низ процедура во Советот на министри на БиХ, а усогласен е и со интересите на Хрватскиот завод за вработување.

Технички гледано, хрватски работодавци кои сакаат да вработат луѓе од БиХ ќе се обратат до Агенцијата за вработување во БиХ.

Хрватски официјални лица наведуваат дека моментната квота за вработување работници во Хрватска од држави кои не се дел од ЕУ е само околу 200 работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП