28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку пари без потреба трошите во продавниците?

Колку пари без потреба трошите во продавниците?

18aa8prvsymoajpg

Можеби ви се чини дека набавката на намирници никогаш не била поедноставна, затоа што на секој чекор има маркет, а ни големите трговски центри не се далеку. Но ако земете се што ќе ви дојде при рака, големи се шансите сметката на крајот да биде значајно повисока.

Иако во последно време трговците мораат да применат многу корисни промени како истакнување на цените на производите кога има акција, сепак тие користат и мали трикови поради кои ние сме склони да потрошиме повеќе од што треба.

Економистите и еден од експертите за воведување на промотивни цени во супермаркетите во Австралија, Иан Јарат,  велат дека потрошувачите не се свесни колку пари беспотребно оставаат во маркетите.

Тие истакнуваат дека главниот проблем во тоа е што маркетите не прават ништо за да им дадат точна информација на потрошувачите и така да ги едуцираат. Наместо тоа, тие користат трикови за да се збунат поотрошувачите затоа што на луѓето ионака им е тешко да одлучат што да купат.

woman-in-supermarket

Еден од тие примери е оној во кој е намалена грамажата на производите, но пакувањето останува исто. Па така во брзање, потрошувачот ќе одбере чоколадо од 80 грама, кое претходно било 100 грама. Така може да се случи и друга ситуација – да се зголеми пакувањето, но количината останува иста, а цената повисока.

Времињата во рецесија имаат потреба од рецесиони мерки и ако сакате да го добиете најдоброто за вашите пари , мора да ги засукате ракавите и со трпение да ги набавувате вашите намирници во макретите и трговските центри.

Пакување

Кога купувате, да речеме, пакетче марамчиња, а има неколку производители кои ги цените, споредете колку е оделната цена на секое пакување. Понекогаш средното пакување е еднакво скапо како и големото, а понекогаш спротивно па секако треба да видите колкава е цената по парче.

Споредување на брендови

Некои можат да бидат поповолни од другите, а можеби ќе имате среќа да ги најдете и на акција. Ако сакате чоколади од различни производители, појтеде во маркетите и споредете ги цените.

Посебни понуди

Секако проверете ја цената на посебната понуда и споредете ја со онаа обичната. Понекогаш тоа воопшто не е поволна варијанта, иако ви се чини така на прв поглед.

groceries-main

Фини пакувања

Еден добар пример како да заштедите тука е кафето или сушеното овошје. Тоа може да биде спакувано во убава амбалажа, но тоа обично значи и дека ќе има поголема цена. Затоа, сепак пред да паднете на убавината на амбалажата, споредете ги цените.

Исти производи кои различно се спакувани

Кога барате одреден вид зеленчук, месо или риба, споредете ги цените за истата количина во свежа, конзервирана или пак замрзната состојба. Понекогаш може некој зеленчук да се најде на акција па да го подготвите за замрзнување и така да го добиете она што ви е потребно по поволна цена.

Заменски производи

Понекогаш производите од другите брендови се поповолни од оние кои сте навикнале да ги користите, само треба да ги пробате. Тоа што се поповолни не значи дека не се добри. За почеток, споредете го составот на декларацијата па слободно експериментирајте.

woman-reading-label-in-grocery-store

Споредте ги цените во различни продавнци

За ова дефинитивно ви е потребен поголем труд и време, но се исплати. Ќе се изненадите, на пр. цената за литро млеко во некои продавници е поефтина за 10-15 денари. Цената на месото и рибата може да биде поголема и за 50-100 денари. Проверете ги цените во сите маркети и купувајте ги потребните производи во различни маркети, односно секој производ купете го таму каде што е најевтин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП