25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШтрајкуваат пилотите на Air France

Штрајкуваат пилотите на Air France

airfrance154

Француската авиокомпанија „Air France“ соопшти дека денес поради најавениот штрајк на пилотите ќе обезбеди само 40 проценти од своите летови.

„Air France“ планира да обезбеди 40 проценти од летовите во понеделник поради големиот број на пилоти кои тој ден стапуваат во штрајк“, најавија од компанијата.

Од компанијата објавија дека најверојатно ќе постојат и доцнења или застои за што патниците навремено ќе бидат известени.

Синдикатите на пилотите најавија штрајк од 15 до 22 септември, незадоволни од условите за развој на нискобуџетната авиокомпанија „Transavia“.

„Transavia“ е камен-темелник на новиот стратешки план „Performe 2020“, партнерството на „Air France“ и холандската авиокомпанија „KLM“ да одговори на конкуренцијата од другите нискобуџетни авиокомпании.

Со новиот план голем број на пилоти би работеле со договор на определено време.

„Air France“ очекува дека еден ден штрајкување ќе го чини од 10 до 15 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП