29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТри мита за деловните жени

Три мита за деловните жени

poslovnazenatekst

Понекогаш митовите кои кружат кога станува збор за жените и кариерата можат да ги нарушат вашите потенцијални цели и да ве натераат да се откажете од работите кои сакате да ги направите. Ова се тие митови за жената и кариерата во кои воопшто не треба да верувате.

Мит 1: Мажите и жените се еднакви на работното место – Иако се смета дека жените денес достигнале многу повеќе отколку во претходните години, сепак тие немаат исти права како мажите. Дури и не заработуваат колку нив иако се наоѓаат на иста позиција во компанијата. Според тоа, обидете се да се изборите за своите права на работа и да постигнете што можете повеќе.

Мит 2: По породувањето, жените доброволно даваат оставка – Жените не ја напуштаат својата работа затоа што тоа го сакаат, туку заради тоа што кога ќе станат мајки се среќаваат со многу обврски кои не можат да ги исполнат доколу работат полно работно време, а често и прекувремено. Мажите не се залагаат доволно околу домашните обврски, така што целиот товар останува на нив, а шефовите на работа не се подготвени да направат промени со кои ќе им овозможат да продолжат да работат.

Мит 3: Кариерата на мажот е поважна од вашата – Мажите секогаш себеси се ставале на прво место, па така и кога станува збор за кариерата, неговата секогаш е поважна од вашата. Но, кога ќе резонирате паметно, ќе светите дека жените се оние кои го хранат семејството и дека од нив најчесто зависи финансиската ситуација во домот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП