28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСлаб раст на платите во Франција во 2015

Слаб раст на платите во Франција во 2015

7people1

Француските компании остануваат „крајно воздржани“ и предвидуваат раст на платите на вработените во 2015 година од два проценти.

Тоа е помалку во однос на периодот кога земјата беше во екот на кризата во 2008 година.

„Дури и за време на најжестоката економска криза во 2008 година, растот на платите изнесуваше околу 2,4 проценти, додека пред појавата на кризата тој изнесуваше 3,3 роценти“, се наведува во соопштението на ревизорско-консултантската комапнија Дилојт.

Аналитичарите од Дилојт, ваквиот низок раст на платите го објаснуваат со ниската инфлација која во јули на годишно ниво се намали на 0,5 проценти, пренесува АФП. За раководечкиот кадар очекувано е зголемување на заработката за 2015 година за 2,25 проценти а за останатите вработени околу 1,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП