2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкопје домаќин на Регионален форум за интернет владеење 2014

Скопје домаќин на Регионален форум за интернет владеење 2014

Untitled

Во организација на Министерството за информатичко општество и администрација денеска во Скопје ќе се одржи Регионален форум за интернет владеење 2014.

Како што соопшти МИОА, цел на форумот е промовирање на придобивките од информациско- комуникациските технологии, споделување иницијативи и политики во однос на интернет владеењето, како и развој на платформа за иницирање регионални активности на ова поле.

На собирот ќе учествуваат министри и високи владини претставници надлежни за креирање политики за развој на информатичко општество од земјите од регионот, како и претставници на невладиниот сектор, што, се наведува, претставува можност за промовирање на регионална соработка во оваа област.

Воведни обраќања ќе имаат министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и извршниот директор на Интернет корпорацијата за доделување на имиња и броеви (ИЦАНН), Фади Шехаде.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП