6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСамарас повторно уверува дека нема да има трет заем за Грција

Самарас повторно уверува дека нема да има трет заем за Грција

Antonis Samaras

На Грција не и треба нов заем и нема да бара нов план за помош од доверителите од ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) изјави грчкиот премиер Андонис Самарас.

На Грција досега и се доделени два меѓународни заеми со вкупна вредност од 240 милијарди евра, за да избегне банкрот, а за возврат земјата требаше да воведе драстични мерки за штедење, кои тешко ги погодија нејзините граѓани, јави дописникот на МИА од Атина.
„Вториот кредит ќе истече на крајот на декември и од почетокот на следната година Грција ќе биде во можност да ги покрие не само своите долгови, туку и каматите на долгот“, рече Самарас во интервју за весникот „Прото тема“.

Тој додаде дека по исплатата на вториот пакет финансиска помош, Грција веќе нема да има потреба од нови заеми.
„По завршувањето на програмата за помош, меѓународните кредитори ЕУ, ММФ, Светската банка ќе си заминат од Грција како што беше случај со Ирска и Португалија. Сакаме државата да се врати во нормала“, рече Самарас.

Сепак, кредиторите се уште се загрижени за големиот јавен долг, кој од 127 отсто од бруто националниот доход во 2009 година се зголеми на околу 176 проценти на крајот на 2013 година, што изнесува 318 милијарди евра. Некои експерти стравуваат дека Владата се уште не е во можност да одговори на финансиските потреби и оти ќе биде принудена да бара нов меѓународен заем.

Потпретседателот на Европскиот парламент и европратеник на Сириза Димитрис Пападимулис пред неколку дека изјави дека се подготвува нов кредит за Грција за да се покрие фискалниот јаз до 2016 година, а со тоа и нов меморандум кој поинаку ќе се нарекува.

„Единственото нешто за што се заинтересирани Владата и кредиторите на Грција е да се смени пакетот кој нема да го нарекуваат меморандум, туку со друг збор и да ја променат формата на тројката. Надзорот, сепак, ќе остане, можеби без учество на ММФ”, изјави тој во интервју за државната агенција АНА-МПА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП