4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSiemens најодржлива компанија во својот сектор

Siemens најодржлива компанија во својот сектор

siemenskompanijaf[;r[gp-5

Компанијата „Siemens“ е прогласена за најодржлива компанија меѓу компаниите од нејзиниот индустриски сектор. Швајцарската инвестициска компанија „RobecoSAM“ секоја година составува меѓународен реномиран Dow Jones индекс на одржливост (DJSI) за потребите на провајдерите на финансиските берзански индекси Dow Jones. На листата DJSI оваа година, Siemens го зазема првото место во групата Капитални индустриски производи, која вклучува околу 350 компании од седум индустриски сектори.

„Siemens“ така го потврди својот минатогодишен пласман и постигна многу високо ниво од 93 поени од максималните 100. „Siemens“ е вклучен во Dow Jones индексот за одржливост од неговото прво објавување, пред 15 години.

Четврта година по ред, компанијата постигнува најдобри можни резултати за почитување на програмата според DJSI индексот. Истовремено, компанијата повторно го зазема лидерското место во областа на Индустриските конгломерати во конкуренција од 46 компании. „3М“, „Philips“ и „Toshiba“ се само некои од компаниите од овој сектор.

„Уверени сме дека одржливиот развој е клуч за долгорочниот економски успех на компанијата SIEMENS AG“. Од таа причина сме многу горди што повторно го добивме ова признание кое е потврда за нашата силна определба кон одржливиот развој“, изјави Роланд Буш, член на Управниот одбор на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП