28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе од милион милионери во Кина

Повеќе од милион милионери во Кина

130816004954-china-wealth-620xa

Бројот на луѓе во Кина чие богатство вреди повеќе од еден милион американски долари порасна за 3,8 проценти за една година и сега тој изнесува повеќе од еден милион.

Тој број се зголеми и покрај антикорупциските мерки на Владата во Пекинг и програмата за штедење, се наведува во студијата.

Бројот на екстремно богати лица кои поседуваат богатство во вредност од најмалку 100 милиони јуани (16 милиони долари) за истиот период е зголемен за повеќе од 3,7 проценти, на 67 илјади, се вели во извештајот кој го пренесува агенцијата Франс прес.

Во Пекинг е забележан најголемиот број на богати Кинези, односно околу 192 илјади милионери, и 11,300 супер богати лица, а следат провиницијата Гуангдунг и Шангај.

Се предвидува дека во наредните три години бројот на милионери (во американски долари) би можел да достигне 1,21 милион, додека екстремно богати ќе бидат околу 72 илјади. Меѓу кинеските милионери доминираат бизнисмените, инвеститорите на берза и многу добро платените менаџери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП