26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо јули зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи

Во јули зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи

zemjodelski proizvodi 3354

Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во јули годинава изнесува 1.072.337.000 денари што претставува зголемување за 7,4 проценти во споредба со јули минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 8,6 проценти, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 6,4 проценти.

Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, овошјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млекото, млечните производи и рибата, а намалување кај индустриските, градинарските и фуражните растенија, грозјето и добитокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП