24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВработеноста во ЕУ пораснала за 0.3 отсто во вториот квартал на 2014...

Вработеноста во ЕУ пораснала за 0.3 отсто во вториот квартал на 2014 година

peoplelondon

Бројот на вработени во Европската унија и во Еврозоната се зголемил во вториот квартал на 2014 година, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Според информациите на Европската канцеларија за статистика (Евростат), вработеноста во Еврозоната е зголемена за 0,2 проценти, додека во Унијата достигнала плус 0,3 отсто во вториот квартал на оваа година, а во споредба во првиот квартал.

Најголемо зголемување на вработеноста е забележано во Португалија од 0,9 отсто, Шпанија (0,7 отсто) и Унгарија (0,6 проценти), додека намалување на бројот на вработени од еден процент е забележан во Литванија, а намалување има и во Кипар од 0,1 отсто.

Според Евростат, овие бројки се сезонски прилагодени и во споредба со истиот квартал од претходната година, вработувањето се зголемило за 0,4 проценти во еврозоната и за 0,7 отсто во 28-те земји-членки на Европската унија. Според Европската канцеларија за статистика, проценките се дека во вториот квартал на 2014 година, 224,9 милиони мажи и жени биле вработени во ЕУ, од кои 146.5милиони во Еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП